Врховен ги одби барањата: Нема да се преиспитува убиството на Денис Тот

Врховниот суд на Република Северна Македонија одлучуваше по поднесените барања за вонредно преиспитување правосилна пресуда по предметот за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот.

Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија донесе пресуда КВП2-101/23, со која барањата за вонредно преиспитување на правосилната пресуда, поднесени од осуденитe А. Ѓ., К. Л. и А. К. против пресудата на Основниот кривичен суд Скопје К. бр.1768/22 од 30.11.2022 година и пресудата на Апелациониот суд Скопје КЖ-224/23 од 5.6.2023 година, ги одби како неосновани, се наведува во соопштението на Врховниот суд.

09.02.2024 - 11:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега