Вучиќ бара да се објават снимки од распарчените жртви: „Важно е тоа луѓето да го видат"

Александар Вучиќ го поддржал својот министер за внатрешни работи, Александар Вулин, откако објавил вознемирувачки и страшни фотографии од злосторствата на кланот на Вељко Беливук и Марко Миљковиќ.

Вучиќ порачал дека тој би постапил исто и додал дека од надлежните ќе бара да се објават уште такви фотографии, се додека истите не ја загрозуваат казнената постапка.

„Се сеќавате на убиствата на Кум и Спасојевиќ во Барајево? Тие слики беа на сите телевизии и тогаш тоа на никого не му пречеше. Во живо се прикажуваа снимки од убивање на луѓе во Сребреница, а не снимки од тела", рекол Вучиќ, пренесува "Blic".

„Да сум на местото на министерот на МВР ќе го направам истото. Ќе барам да се покажат во јавноста сите работи што може да се покажат, а да не ја загрозат казнената постапка. Важно е луѓето да го видат тоа", истакнал Вучиќ.

22.07.2021 - 13:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега