Вучиќ: Европа бара oд нас да ја признаеме независноста на Косово

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ утрово изјави дека Европа бара Србија да го признае независно Косово.

„Де факто или де јуре. Да, бара. Да не се лажеме дека не е така. Тоа го бара најголемата сила на ЕУ. Во суштина тоа го бара“, изјави Вучиќ за ТВ Пинк.

Зборувајќи за тоа дали граѓаните на Србија можат да се договорат за влез на земјата во ЕУ, Вучиќ рече дека е за, но дека половина од граѓаните се за, а половина се против влез во ЕУ.

Тој оцени и дека граѓаните на Србија не можат да се договорат ниту за Косово.

„Можеме себеси да се лажеме дека сме согласни по тоа прашање. Секако дека не сме. Секако дека еден дел смета оти Косово треба што побрзо да се предаде, Србија ќе биде поздрава, но тоа нема и не треба јавно да го кажат. Другиот дел ќе речат – бранете го Косово и Метохија по секоја цена, но без мене и моите деца“, рече тој.

07.01.2024 - 14:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега