Вучиќ: Фала што дојдовте од Македонија, Србија секогаш ќе биде ваша мајка
Србија секогаш ќе биде ваша мајка, а ние сме еден народ кој живее во различни држави. Ова предмалку го изјави претседателот на Србија Александар Вучиќ. Претседателот Александар Вучиќ посочи дека ни треба единство, заедништво и обединување повеќе од кога било. Тој нагласи дека ова е последната вечер на која ќе зборува како претседател на Српската напредна странка и рече дека е за дијалог и разговор, но дека нема да има преодна влада.
„Не постои нешто друго полошо од омраза. Овој голем собир денеска не е против никој. Ниту едно име не споменавме, ние се собравме од љубов, поради љубовта кој Србија кон нашата татковина, бидејќи друга татковина немаме. Една единствена. И да се заблагодарам на сите вас кои дојдовте од Република Српска, Црна Гора, Северна Македонија, Хрватска и сите краеви од поранешните ЈУ простори. Да ви се заблагодарам што толку ја сакате Србија, бидејќи иако живееме во одделни држави, Србија е секогаш ваша мајка и тоа така ќе биде, а наша работа е да никогаш не заборавиме дека сме еден народ и дека тоа никој нема да може да го промени. Ви благодарам луѓе на големата поддршка. Ви благодарам за љубовта. И јас ве сакам, да се борите и да се бориме заедно, бидејќи пред нас е најтешкиот период за борба“, рече претседателот на Србија Александар Вучиќ во својот говор вечерва во Белград.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа