Вучиќ ќе формира Народно движење за државата, ама нема да биде главен

 

Претседателот на Србија и Српската напредна партија (СНС) Александар Вучиќ за време на вчерашната посета на Прешевската Долина, ги повика денес граѓаните на собир во Врање да се приклучат на Народното движење за државата. Тој појасни дека таа политичка опција ќе биде формирана кон крајот на мај или на почетокот од јуни.

Вучиќ нагласи дека и тој ќе биде дел од тој проект, како што наведе, на „тим кој верува дека мора да биде над партијата“. Сепак додаде дека формирањето на движењето не значи згаснување на СНС. Исто така, тој додаде дека не претендира да има каква било лидерска позиција во новото движење.

– Кога движењето ќе се формира, на крајот на мај, почетокот на јуни – мојата молба за вас е да размислите да се приклучите на тоа големо движење, народно движење за нашата една единствена држава Србија која ја имаме, која мора да ја зачуваме за нашите деца, – кажа Вучиќ.

Како што најави, во следните два месеца ќе се работи на организациската форма на тоа движење.

Вучиќ повтори дека во моменталниот геополитички момент е важно во Србија да бидат ангажирани сите паметни луѓе „и оние кои се во партии и оние кои не се, сите оние кои се за Србија“.

12.03.2023 - 12:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега