Вучиќ: Можат да ме убијат, но нема да се согласам за транзициска или експертска влада
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Трстеник изјави дека нема да има преодна или привремена влада, пренесе Бета.
Вучиќ рекол дека е можно да има избори или референдум, но додека е жив, нема да има сервилна влада предводена од, како што рече, белосветски крадци.
„Им кажав на некои светски лидери кои разговараа со мене дека можат без мене и дека нивните предупредувања за сопствената безбедност ги сфатив како закана. Им реков дека можат да ме убијат, но дека нема да се согласам за транзициска или експертска влада под какви било услови“, нагласи Вучиќ.
Според него, она што се случува во последните неколку месеци во Србија е директен обид на странски разузнавачки агенции да ја соборат државата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа