Вучиќ на итен состанок поради одлуката на Курти за забрана на динарот во Косово

Вчеравечер српскиот претседател Александар Вучиќ одржал итен состанок со дел од министрите на владата.

На средбата одржана во претседателскиот кабинет се разговарало за следните чекори што Белград ќе ги преземе во врска со ова прашање, јави српскиот радиодифузен сервис (РТС).

Во текот на вчерашниот ден косовскиот премиер Албин Курти и специјалниот пратеник на ЕУ, Мирослав Лајчак имаа средба, на која се разговарало за пролонгирање на одлуката за забрана на употребата на динарот во готовински плаќања.

ЕУ бара Косово да воведе преоден рок за примена на оваа одлука.

Централната банка на Косово (ЦБК) донесе уредба според која од 1 февруари единствена валута за готовински платежни трансакции ќе биде еврото.

Во сопштението на Банката се наведува дека ваквата уредба е донесена согласно Уставот на Косово и законот на Централната банка на Косово и дека ЦБК е единствената монетарна власт која може да одлучува за дозволените апоени на валутата евро за оптек на територијата на Косово.

31.01.2024 - 09:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега