Вучиќ: Нема да потпишам закон за истополови заедници

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, изјави дека нема да потпише закон за истополови заедници, доколку помине во парламентот.

Во интервју за „Блиц“, Вучиќ истакна дека Уставот упатува на Семеен закон, кој го дефинира бракот како заедница меѓу маж и жена, а тој е должен да го штити Уставот.

„Не би можел да потпишам Закон за истополови заедници и би го вратил во Парламентот“, истакна Вучиќ.

Претседателот не ја исклучува можноста Уставот да се измени во иднина, но вели дека засега е така.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.05.2021 - 13:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега