Вучиќ од Вашингтон: Не го прифатив документот во кој се бараше взаемно признавање со Косово
Српскиот претседател Александар Вучиќ, вечерва во Вашингтон, по разговорите со претставниците на Косово и кабинетот на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека не може да го прифати документот што содржи одредба за заемно признавање на Србија и Косово.
„Првиот документ што го имавме беше насловен „Економска нормализација“. Тие листови хартија беа ужасно тешки, имаа 16 точки. Таму беше и точката во врска со признавањето. Сметавме дека не требаше да биде наведено во документот за економска нормализација, дека не можеме да го прифатиме тоа. Луѓето од кабинетот на Трамп го слушнаа нашето мислење и мислам дека оваа одредба повеќе не постои во другите документи. Сеуште се надеваме дека е можно да се постигне договор“, рекол Вучиќ.
Тој додал дека ќе се види дали ќе може да се постигне договор и додал дека „се борат Приштина да го прифати малиот Шенген“.
Вториот круг преговори меѓу Белград и Приштина заврши во Белата куќа во Вашингтон.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа