Вучиќ потврди: На 18 март во Македонија ќе има преговори меѓу Србија и Косово

Српскиот претседател Александар Вучиќ потврди дека премиерот Димитар Ковачевски ќе биде домаќин на средбата меѓу него и косовскиот премиер, Албин Курти.

-На 18 март би требало да се сретнеме на територијата на Северна Македонија, тогаш Борел ќе биде во посета на регионот.- изјави Вучиќ по завршувањето на состанокот.

Претходно, Прес24 објави дека според неофицијални информации, средбата ќе се одржи во Македонија, а ќе присуствуваат и високиот претставник Жосеп Борел и специјалниот пратеник Мирослав Лајчак.

Резултатот од денешниот состанок во Брисел е прифатената содржина на договорот, која според информациите прифатлива е за двете страни, без понатамошни забелешки и потреба за дополнителна дискусија по однос на текстот. Останува да се допрецизира планот за имплементација кој во деновите што следуваат ќе биде предмет на дискусија помеѓу преговарачките страни.

 

27.02.2023 - 22:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа