Вучиќ: Штетата од протестот во Нови Сад е околу еден милион евра

 

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека штетата предизвикана за време на протестот во Нови Сад, според првичните проценки е околу еден милион евра.

Вучиќ на новинарите во Будимпешта, каде што се одржува самитот на Европската политичка унија, изјави дека конечните проценки на штетите ќе и бидат прикажани на јавноста кога ќе бидат завршени.

Најверојатно ќе плати покраинската власт, за градското собрание да не биде во финансиски проблеми, а ние секогаш ќе помагаме од републиканско ниво“, рече Вучиќ.

07.11.2024 - 21:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега