Вучиќ: Сите кои ќе се вакцинираат или веќе се вакцинираа ќе добијат парична награда

 

Претседателот на Србија Александар Вучиќ најави дека сите кои ќе се вакцинираат или веќе се вакцинираа ќе добијат парична награда. Со ова сака да ги стимулира оние кои се одговорни прво кон своето, а потоа и кон здравјето на најблиските.

Вакцинираните ќе добијат еднократно по 3000 динари.

На ваков начин сакаме да дојдеме до колективен имунитет и да се посветиме на работата-објасни Вучиќ.

Претседателот рече дека ќе има и други форми на помош. Вучиќ објасни и дека заразените со коронавирусот кои не биле вакцинирани нема да имаат платено боледување, додека вакцинираните ќе имаат.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.05.2021 - 09:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега