Вучиќ: Следам сè, сите се вооружуваат до заби - и Србија ќе Ве изненади

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србија не заостанува во вооружувањето во регионот при коментар на изјавата на францускиот премиер дека вооружувањето на Франција е негов приоритет. Вучиќ смета дека изјавата на францускиот премиер е логична, пишува босански Кликс.

„Сите овде во регионот исто така се вооружуваат. А наше е да не заостануваме. И се што можам да ви кажам е дека не заостануваме. Ќе можете да го видите тоа наскоро. Само ќе ве известиме прецизно за датумот“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека новинарите од Косово ги прашале Американците што мислат за најавеното воведување на воен рок во Србија, а Американците одговориле дека внимателно ја следат ситуацијата.

„И јас внимателно следам сè што се случува низ целиот свет. И во Америка, и во Англија, и во Франција, и во Германија и во Шведска. Ние следиме сè внимателно насекаде. Сите се вооружуваат до заби. Логично, зошто не би се вооружувала Франција“, заклучил претседателот на Србија, пишува Кликс.

10.01.2024 - 21:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега