Вучиќ со добри вести: Пристигнаа 50.000 дози на руската вакцина Спутник V- до крајот на февруари уште 88.000 дози од вакците на Фајзер

 

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во живо и се обрати на јавноста, велејќи дека утрово во Србија пристигнале уште 50.000 дози на руската вакцина Спутник V, а до крајот на февруари ќе пристигнат уште 88.000 дози вакцина на Фајзер - 42.000 плус 46.000 дози.

Исто така, претседателот рече дека 150 000 вакцини Астра-Зенека ќе пристигнат до 20 февруари, а уште 500 000 кинески вакцини веќе утре попладне!

- До крајот, ќе имаме вкупно 2 милиони дози вакцини кои ќе вакцинираат милион граѓани - рече Вучиќ, додавајќи дека луѓето треба да бидат упорни и да чекаат на ревакцинација, бидејќи тоа гарантира дека нема да добиете тешки последици дури и ако се разболите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.02.2021 - 12:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега