Вучиќ: Србија ќе дава ваучер од 15.000 динари за 200.000 граѓани
Дури 200.000 граѓани на Србија ќе имаат право на ваучер од Србија во износ од три милијарди динари, односно 15.000 динари за секој од нив, кажа српскиот претседател Александар Вучиќ.
Претседателот кажа и дека сите кои имаат право на пензија, работници чии плати не надминуваат 70.000 динари месечно, студенти, воени инвалиди, цивилни инвалиди и други категории имаат право да земат ваучер.
„200.000 луѓе имаат такво право. Ние сега даваме три милијарди во кеш. За 200.000 луѓе по 15.000 динари за секој, само да поминат дел од одморот во Република Србија“, вели Вучиќ.
25.06.2022 - 12:13
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа