За 6 месеци дизелот поскапел за 14 денари по литар - бензинот за 4

Цените на нафтата и натаму продолжуваат да паѓаат поради слабата побарувачка во Кина која деновиве треба да ги објави економските податоци. Од друга страна главните производители –Саудиска Арабија и Русија  најавија дополнително намалување на производството. По највисоката цена од над 92 долари за барел на средината од октомври, цената се спушти на моменталните околу 81 долар.

И малопродажните цени во земјава во последните месец дена не бележат некое намалување. Цената на бензинот денеска е идентична како и онаа на 10 октомври односно изнесува 81 денар.
Дизелот пак, во однос на 10ти минатиот месец, денеска е поевтин за половина денар по литар и се продава за 80,5 денари.

Во последните 6 месеци, дизелот во земјава поскапел за 14 денари по литар, а цената на бензинот се зголемила за 4 денари.


Пред 6 месеци, барел нафта чинел околу 75 долари што е некаде околу 6 долари повеќе од денешната цена.  


08.11.2023 - 10:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега