„За 60 секунди се облеков и истрчав надвор„- силниот земјотрес утринава во Хрватска ја исплаши и Јелена
Земјотресот со јачина од 5.2 степени според Рихтер, кој рано утрово ја погоди Хрватска, го почувствувала и актерката Јелена Јованова, позната по улогата на „Јелена од Драчево“ во серијата „Преспав“ која живее во Загреб.
Таа на социјалните мрежи напиша дека само 60 секунди ѝ биле потребни за да се облече и да истрча надвор.
„За 60 секунди бев облечена и веќе надвор. Минатиот пат ми требаа 180. Напредок. Браво јас. Значи доста е. Доста. Ние, добро сме. Фала ви луѓе“, вели Јованова, која во март се соочи со иста ваква ситуација, кога Загреб го погоди силен земјотрес, а таа беше бремена со синот Јаков.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа