„За брзо ќе ги запознаеме нашите бебиња“: Ангела и Александра направија уникатна фотосесија

Двете најдоминантни инфлуенсерки во Македонија, кои воедно се и многу добри пријателки, Александра Весели Шијаковска и Ангела Ѓоргиева за брзо ќе станат мајки. Шијаковска за првпат ќе се оствари во улога на мајка, додека нејзината пријателка Ангела го очекува своето второ бебе. 

Поради овој прекрасен повод, решија да го овековечат овој момент со фотосесија. На фотографиите објавени на социјалните мрежи двете инфлуенсерки позираат во фармерки и бели блузи. 

Фотографиите наидоа на голем број позитивни коментари, а нивните следбеници им порачаа лесна бременост. 

30.09.2024 - 23:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега