За да увезуваме гас од Александрополис, ЕСМ ќе отвори компании во Бугарија и Грција

Владата на денешната седница ја усвои Информацијата за статус на проектот за ЗАКУП НА ЛНГ ТЕРМИНАЛ во Александрополис, Грција.

Задолжено е АД ЕСМ, меѓу заклучоците, да регистрира правни ентитети во Грција и Бугарија потребни за оперативни активности поврзани со набавка, дистрибуција и трговија со гас. Исто така, задолжено е АД ЕСМ да врши транспорт на природен гас преку интерконекторот со Република Бугарија, се додека интерконекторот со Грција се изгради.

На почетокот на денешната седница, новоименуваниот Државен правобранител на Република Северна Македонија, Агрон Речи, пред премиерот и пред министрите во Владата, даде заклетва дека ќе работи совесно, чесно и одговорно, согласно Уставот и законите.

25.04.2023 - 20:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа