За еден час 90 сообраќајни санкции во Битола

Министерството за внатрешни работи продолжи да врши засилени акциски контроли за санкционирање на непочитувањето на сообраќајните правила и прописи.

Портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешната прес-конференција во Битола информира дека се санкционираат сите сообраќајни прекршоци, а особено оние кои што се најчеста причина за сообраќајни незгоди со тешки последици.

До сега во три седмици откако започнаа засилените сообраќајни контроли изречени се околу 12.000 санкции, најчесто за возење со брзина над дозволената, нерегистрирани возила, а се санкционираат и возачите на мотори кои не ги почитуваат правилата. Само за еден час во денешната акциска контрола во Битола се изречени 90 санкции, пред се за пречекорена брзина, за нерегистрирани возила, возење без возачка дозвола и други сообраќајни прекршоци, посочи Ангеловски.

Портпаролот на МВР апелираше битолчани да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и потсети дека акциските контроли продолжуваат и во наредните денови.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.10.2020 - 14:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега