За неколку часа во Мексико убиени двајца кандидати за градоначалници
Двајца кандидати за градоначалник на мексиканскиот град Мараватио се убиени за неколку часа, соопштија локалните власти.
Убиени се кандидатот на партијата Национална акција, Армандо Перез и кандидатот на Морена, Мигел Анхел Завала, пренесува АП. И двајцата се пронајдени мртви во нивните автомобили, соопшти агенцијата.
„Ова го покажува исклучително сериозното ниво на насилство и недостатокот на безбедност што преовладува пред најважните избори во историјата на Мексико“, напиша лидерот на Националната акција Марко Кортес на социјалните мрежи.
Од партијата „Морена“ изјавија дека убиството на Завала е „кукавички и осудувачки чин“.
Парламентарните избори во Мексико се закажани за 2 јуни годинава, а предизборната кампања официјално започнува во петок на 1 март.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа