За само 60 секунди: Експерт откри лесен начин на заспивање
Експерт за интегративна медицина, Ендрју Вајл, од Универзитетот на Аризона, открива лесен и ефективен начин на заспивање за 60 секунди.
Ендрју Вајл ја препорачува методата 4-7-8, позната и како „бавно дишење“. Според него, длабокото и ритмично дишење, коешто индиската јога го практикува со медитација, ни помага да заспиеме за само една минута.
„Тоа е најдобриот метод да заспиете повторно, ако се разбудите сред ноќ. Треба да вдишувате бавно низ носот четири секунди, потоа да го задржите здивот седум секунди и да издишувате осум секунди… Тоа се повторува сѐ дури не заспиете“, објаснува експертот.
Вајл тврди дека таа метода помага не само за совладување на несоницата, туку и за ослободување на стресот во телото. За најдобри резултати, Вајт советува ова да се практикува почесто и редовно.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа