Заев: Не е точно дека сум имал тајни средби со Груевски и Ахмети за КЗ

Не точно дека сум имал тајни средби со Али Ахмети и Никола Груевски за Кривичниот законик, изјавил вечерва за ТВ 24 поранешниот премиер Зоран Заев откако лидерот на ДУИ, Али Ахмети кажа дека на тајни средби се договарале контроверзните измени на КЗ со кои паѓаат во вода делата за кои се гонат функционери.

-Не точно дека сум имал тајни средби со Ахмети и Груевски и сум договарал измена на КЗ. Изјавата на Ахмети не е вистина, рекол Заев.

Ахмети во интервју за ТВ 21 рече дека имало неколку тајни средби изминативе неколку години и начелни договори, последен од нив се повлекол актуелниот претседател на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски.

18.09.2023 - 21:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа