Загадениот воздух не ги спречи верниците да запалат коледарски оган
Загадениот воздух и оваа година не ги спречи православните верници да ја продолжат традицијата на палење коледарски оган. Со песни и греана ракија граѓаните прославуваат низ цела држава иако нивото на загаденост и денес е високо.
Скопје е на трето место на листата на најзагадени градови во државава со концентрација од 146 µg PM10 честички. Во Скопје најзагадено е во Центар со 174.8 PM10 честички, а потоа следуваат Гази Баба со 99.8 и Лисиче со 127.5 PM10 честички.
На прво и второ место на листата на најзагадени градови се Битола и Струмица.
И покрај апелите на надлежните лица, верниците одлучија да ги испочитуваат старите обичаи. Како и секоја година во Скопје најдобро се славеше во Маџир маало.
Во изјава за Сител, кумот на коледарскиот оган во Маџир маало, Сашо Мировки вели дека обичаите мора да се почитуваат.
-Мислам дека дрвата не загадуваат, загадуваме ние луѓето. Традицијата што си ја тераме ќе си продолжи и во иднина. Со добра душа сум бил што и Господ ми дава времето да биде како што треба. - изјави за Сител, Сашо Мировски.
Од МПЦ остро го осудуваат палењето на коледарски оган и велат дека е пагански обичај.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа