Захарова: Американската длабока држава ја криеше вистината за менталното здравје на Бајден

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека менталното здравје на американскиот претседател Џо Бајден е главна тема на овонеделниот состанок на НАТО и дека американската „длабока држава“ и медиумите ја кријат неговата вистинска состојба од јавноста веќе долго време. Захарова им рече на новинарите дека оние кои сакале да го прикажат Бајден како компетентен само ја влошиле ситуацијата.

Захарова ова го изјави откако Бајден имаше уште еден гаф, најавувајќи го „претседателот Путин“ наместо украинскиот претседател Володимир Зеленски. Во претходна објава на социјалните мрежи, Захарова на шега го нарече Бајден „проруски кандидат контролиран од Кремљ“.

Европските лидери застанаа во одбрана на американскиот претседател по бројните гафови на самитот на НАТО, но медиумите од континентот тоа го протолкуваа како дополнителен доказ дека тој не е подготвен да го победи поранешниот претседател Доналд Трамп на ноемвриските избори.

Оваа недела, Бајден, исто така, го замени името на неговиот потпретседател, Камала Харис, со името на Трамп за време на прес-конференцијата чија цел беше да ја увери јавноста за менталните способности на претседателот, потсетуваат медиумите во регионот.

Се повеќе демократи го повикуваат Бајден да се откаже од трката за уште еден мандат во Белата куќа. Повиците дојдоа по дебатата со Трамп на 27 јуни, која аналитичарите, медиумите и колегите ја нарекоа лоша за Бајден.

12.07.2024 - 21:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега