Захарова: Бајден да каже дали ја реализира заканата за уништување на Северен ток

Портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова кажа дека американскиот претседател Џо Бајден е должен да каже дали САД ја реализирале заканата за уништување на Северен ток.

„Претседателот на САД е должен да одговори на прашањата дали САД на 25 и 26 септември ја реализираа својата закана бидејќи на три траси на Северен ток 1 и Северен ток 2 се случија вонредни настани“, вели Захарова.

Бајден претходно кажа дека Северен ток повеќе нема да го има ако Русија ја нападне Украина.

28.09.2022 - 17:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега