Закана за бомба во хрватско училиште, учениците евакуирани
Загребско стручно училиште за лични услуги добило закана за бомба, пренесуваат хрватските медиуми.
Полицијата по пријавата веднаш излегла на местото на настанот. Од загрепската полиција за хрватски Индекс потврдиле дека добиле пријава.
„По електронска порака која пристигна на адресата на воспитно-образовната установа, истата е евакуирана, а учениците се безбедни. Полициски службеници веднаш се испратени на местото на настанот и ги спроведуваат сите неопходни превентивни дејствија“, накратко изјавиле од полицијата.
Како што пренесе Индекс, полицијата нагласила дека учениците не се во животна опасност и побарала да не се шири непотребна паника. Нејасно е дали оваа дојава е поврзана со оние кои минатата недела пристигнаа на адресите на околу стотина средни училишта низ Хрватска. Сите дојави беа лажни.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа