Закани од Сараево: Изетбеговиќ повикувал на војна

 

Лидерот на СДА и заменик-претседател на Домот на народите во Парламентот на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ повика на рушење на Дејтон, нова војна и укинување на Република Српска.

 

„Србија денес“ пренесува дека Изетбеговиќ смета дека 60 отсто од Бошњаците живеат на таа територија и имаат право да управуваат со својата земја.

„Партијата на Милорад Додик и Хрватска демократска заедница немаат право да сведат 60 отсто од пробосанските сили на една третина од власта! Ќе има избори и ќе победат силите кои сакаат добро и мир во оваа држава. Ги повикувам нашите соседи да бидат заедно со нас во изградбата на земја од која нема да мора да си заминат младите“, кажа Изетбеговиќ.

Српскиот медиум пишува дека ова е повик за војна, но засега нема реакција од Западот.

03.05.2022 - 11:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега