Заменик-министерката Трајков на Евроазиски Економски Самит во Истанбул

 

Заменик-министерката за европски прашањa Викторија Трајков, ќе учествува на 28-миот Евроазиски Економски Самит, што ќе се одржи денеска и утре во Истанбул, Турција. 

Од Министерството за европски прашања денеска соопштија дека заменик-министерката Трајков ќе има излагање на една од сесиите на Самитот, на која ќе говори за евроинтеграцискиот процес на нашата држава и перспективите на нашата земја на патот кон ЕУ. 

На 28-миот Евроазиски Економски Самит, во организација на Мармара Фондацијата, ќе се дискутира за актуелните предизвици, а ќе учествуваат високи државни преставници од повеќе балкански држави.

07.05.2025 - 08:24

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега