Запален автомобилот на Драги Книга - изгоре Мерцедесот на некогаш најблискиот соработник на Арсовска

Непознати сторители ноќеска го запалиле автомобилот на носителот на изборната листа во втората изборна единица од партијата на скопската градоначалничка Данела Арсовска, Драги Митковски, дознава Пресс24 од полициски извори.

Според се уште неофицијалните информации, настанот се случил рано утрово во скопско Ѓорче Петров кога околу 3 часот по полноќ бил запален Мерцедесот на Митковски. Во пожарот биле зафатени и уште два автомобили на неговите соседи.

За среќа нема повредени.

Од МВР и официјално ја потврдуваат оваа информација.

Драги Митковски важеше за еден од најблиските соработници на скопската градоначалничка Данела Арсовска. Таа пак во последните денови врши нов бран на промени на дриектори во јавните претпријатија во главниот град за кои се шпекулира дека биле блиски со Митковски.

Тој претпладнево на социјалните мрежи објави краток пост со песна од српската група Рибља Чорба.

„За добро утро“ напиша Митковски на Facebook.

09.08.2024 - 10:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега