Запленети 15 килограми кокаин во Белград

 

Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека припадници на Управата за криминалистичка полиција уапсиле хрватски државјанин во Белград и заплениле 15 килограми кокаин и килограм синтетичка дрога МДМА.


„Припадниците на Управата за криминалистичка полиција го уапсија хрватскиот државјанин Љ.К.(54) и З.Т.(50) во Белград и запленија 15 килограми кокаин и килограм синтетичка дрога МДМА. Лицата ќе бидат предадени на обвинителство за понатамошна постапка“, рече Дачиќ.

11.11.2024 - 19:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега