Започна грејната сезона - скопјани се разбудија со топли радијатори
Утрово скопјани се разбудија со топли радијатори. Денес, 15 октомври, започна грејната сезона за потрошувачите на подрачјето на град Скопје со кој управува ЕСМ.
„Топланите стартуваа со производство и испорака на топлинска енергија во дистрибутивната мрежа до објектите во 06:00 часот, а производството запре во 10:00 часот. Во овој момент нема дефект на централниот систем за греење со кој управува ЕСМ“, известија од ЕСМ.
По направениот дневен прекин на испорака на топлинска енергија, доколку надворешните дневни температури после 15 часот се под 15 степени се започнува со испорака на топлинска енергија, односно централното греење повторно се вклучува.
„Повторно апелираме до потрошувачите и “Управителите” односно “Заедниците на сопственици” да ги отстранат дефектите на внатрешната грејна инсталација во најкус можен рок и истото веднаш да го пријават во Центарот за грижа за потрошувачи, да овозможат непречен пристап на екипите на компанијата до топлинската станица, како и да обезбедат постојано напојување на топлинската станица со електрична енергија (платени сметки за електрична енергија за топлинската станица и функционална електрична инсталација). Соработката од страна на потрошувачите е во интерес на сите страни за да се обезбеди навременa и квалитетна испорака на топлинската енергија“, порачаа од ЕСМ преку писмено соопштение до медиумите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа