Заработуваше милиони, а вози автомобил од неколку стотици евра: Легендарниот фудбалер го воодушеви светот со својата скромност
Со богатите фудбалери, речиси по правило одат атрактивни жени и скапоцени автомобили, но има и такви кои на материјалните работи не им придаваат некое особено значење.
Додека актуелните и поранешни фудбалерски асови се натпреваруваат кој има подобар, понов и поскап модел на автомобил во својата гаража, легендарниот Италијанец Роберто Баџо вози стар модел на „Fiat Panda“ кој вреди само неколку стотици евра.
Валентина, ќерката на славниот фудбалер на Јувентус, објавила фотографија на социјалните мрежи на која се гледа нејзиниот татко како стои покрај старата „Panda“. Ваквата фотографија предизвика бројни реакции, воглавно позитивни.
Иако во својата кариера заработуваше милиони, Баџо останал верен на својот стар „Fiat“.
Роберто имаше импресивна фудбалска кариера - тој играше за Виченца, Фиорентина, Јувентус, Милан, Болоња, Интер и Бреша. За селекцијата на Италија одигра 56 натпревари и постигна 27 голови.
La foto di Roberto Baggio postata dalla figlia Valentina: «Quindi dio ha una Panda 4X4» https://t.co/lV6fDjOZv2 pic.twitter.com/uzdxYDZXo8
— Corriere della Sera (@Corriere) October 11, 2020
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа