Засилени контроли во Гостивар: Санкционирани 61 прекршок за еден ден

 

На 16 април на подрачјето на Гостивар, СВР Тетово спроведе засилена контрола насочена кон почитување на сообраќајните прописи.

При контролата, откриени и санкционирани биле вкупно 27 возачи за погрешно и непрописно паркирање, од кои 12 возила биле подигнати со специјално возило „пајак“.

Дополнително, санкционирани се и 34 други видови сообраќајни прекршоци, што го доведува вкупниот број на прекршители во Гостивар на 61 за само еден ден.

СВР Тетово апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата, да ја прилагодат брзината според условите и да паркираат само на дозволени места, со цел зголемување на безбедноста и проточноста на сообраќајот во градот.

17.04.2025 - 17:38

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега