Затвореник од Идризово заврши во болница - бил нападнат со тврд предмет

 


Вчера во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека од Казнено - поправната установа Затвор Идризово во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ со повреди бил донесен осуденикот О.М.(27) од Скопје.

Според пријавеното, околу 14.30 часот во кругот на установата тој бил нападнат со тврд предмет од друг осуденик.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

19.11.2024 - 15:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега