Затворска казна од 14 години за возачот на автобусот на Дурмо Турс во случајот „Ласкарци“

 

Судот ги прогласи за виновни обвинетите во случајот Ласкарци бидејќи не се придржувале до стандардите за превоз на патници и со тоа предизвикале опасност по животот и здравјето на патниците.

Четири години казна затвор за Дурмиш Белули, сопственикот на компанијата Дурмо турс, шест години казна затвор за Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Бобаровски, вработени во станицата за технички преглед и 14 години казна затвор за Маноил Трифуновски, возач на автобусот.

Во кобната сообраќајна несреќа кај Ласкарци 16 лица загинаа откако автобус на „Дурмо турс“ излета од патот Скопје-Тетово во 2019 година. Во несреќата 30 лица беа повредени.

Иако при техничкиот преглед биле утврдени проблеми кај автобусот, сепак било издадено одобрување за вклучување на автобусот во сообраќајот.

Во автобусот имало тахограф но тој имал и копче со кое се регулирал, па при несреќата забележана е помала брзина од реалната, рече денеска судијката Диана Груевска Илиевска која ја соопшти пресудата. Целта била возачите да не плаќаат сообраќајни казни за брзината со која се возел автобусот.

25.01.2024 - 13:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега