Зеленски по десетти пат побара продолжување на воената состојба и општа мобилизација
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски побара од украинскиот парламент да ја продолжи вонредната состојба и општа мобилизација за уште 90 дена.
Вонредната состојба предвидува сите мажи од Украина на возраст меѓу 18 и 60 години, со некои исклучоци, да не смеат да ја напуштат земјата бидејќи може да бидат повикани на воена служба.
Зеленски првпат прогласи вонредна состојба и општа мобилизација на 24 февруари 2022 година, кога Русија ја започна инвазијата на Украина, а оттогаш оваа мерка неколкупати беше продолжена, пишува лондонски Гардијан.
Украинскиот парламент последен пат ја продолжи вонредната состојба и мобилизација во ноември 2023 година до 14 февруари 2024 година, а со усвојувањето на барањето на Зеленски, овие две мерки дополнително ќе бидат продолжени до 14 мај. Заменикот Јарослав Железњак потсети дека украинскиот парламент ќе гласа за вонредна состојба по 10-ти пат од почетокот на војната.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа