Зеленски повика на „вистински и траен мир“ во Украина
Украинскиот претседател Володимир Зеленски повика денеска во Киев да се воспостави „вистински и траен мир“ оваа година, за време на состанокот организиран во Киев по повод третата годишнина од почетокот на руската инвазија на Украина.
„Оваа година треба да биде година на почеток на вистински и траен мир“, рече Зеленски, претседавајќи со состанокот во Киев со десетина западни лидери кои дојдоа да ја изразат својата поддршка за Украина.
Додека се одржува состанокот, ширум Украина е издадено предупредување за воздушен напад.
„Ракетна закана на целата територија на Украина“, соопшти украинското воздухопловство, додавајќи дека полетал руски авион МиГ-31 кој носел ракети.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа