Зеленски си призна: Ни треба помош

 

По уште еден масовен руски ракетен напад врз Киев, претседателот Володимир Зеленски рече дека на Украина и требаат водечки светски системи за воздушна одбрана.

„Нов руски ракетен напад врз Киев. Соборени се повеќе од 30 проектили, вклучително и една аеробалистичка. Повредени се луѓе. На сите им е пружена неопходната помош“, нагласи Зеленски и на Фејсбук објави видео од последиците на непријателот.

Како што нагласи шефот на државата, Русија спроведува ваков терор секој ден и секоја ноќ.

„Светското единство може да го запре ова кога ќе ни помага со системите за противвоздушна одбрана. Руските терористи немаат такви ракети кои би можеле да ја заобиколат заштитата на „Патриот“ и другите водечки светски системи“, посочи претседателот.

Според него, таа заштита сега е потребна овде во Украина.

„Од Киев до Харков, од Суми до Херсон, од Одеса до Доњецката област. Сосема е можно доколку партнерите имаат доволно политичка волја“, апелира Зеленски.

 

21.03.2024 - 13:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега