Зеленски: Украина поканета на самитот на НАТО
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека Украина е поканета на самитот на НАТО во Хаг, кој ќе се одржи на 24 и 25 јуни.
Зеленски им изјави на новинарите дека во понеделникот имал средба со генералниот секретар на НАТО, Марк Рута, објавува Украинска правда.
„Бевме поканети на самитот на НАТО. Мислам дека ова е важно“, додаде Зеленски.
Украинскиот претседател не прецизираше како Украина ќе биде претставена на самитот на НАТО, но рече дека министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибиха, ќе разговара со своите колеги за распоредот.
Самитот на НАТО ќе се одржи на 24 и 25 јуни во Хаг, Холандија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа