Зеленски: Украина сака поголемо присуство во Африка, отвора 10 нови амбасади

 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека Киев ќе го зголеми своето присуство во Африка следната година со отворање 10 нови амбасади и зајакнување на трговските врски со тој континент.

Тој на состанокот на дипломатите во Киев изјави дека покрај отворањето на нови амбасади, Украина има за цел да формира трговски претставништва во неколку клучни јазли на континентот, пренесе Ројтерс.

 

23.12.2022 - 22:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега