Зелка диета – 7 килограми помалку за една недела
Ако сакате да заблескате за новогодишната ноќ, време е да ја почнете оваа диета.
Ви претставуваме едноставна диета со која за само недела дена ќе изгубите од 5 до 7 килограми, а основната состојка е зелката.
За магичното вариво од зелка, кое во оваа диета можете да го јадете секој ден, ќе ви бидат потребни следните намирници:
● 5 големи главици кромид
● 2 зелени пиперки
● 1 или 2 конзерви пелати
● целер
● голема главица зелка
● по една лажица леќа, пченица, јачмен и сув грашок
Подготовка:
● Помешајте ги сите состојки, па посолете, зачинете со бибер, ставете магдонос, по желба можете да додадете и малку лута пиперка. Налејте со вода додека да ги прекрие состојките и варете додека зеленчукот да омекне.
● Ако сакате малку „порадикална“ варијанта, додајте обарено месо. Јадете го варивото секогаш кога ќе бидете гладни, а покрај него можете да го јадете и следното:
Прв ден
Сите видови овошје, освен банани. Значи, овој ден се јаде само овошје и варивото. За пијалак може да консумирате незасладен чај, црно кафе и вода.
Втор ден
Сите видови на зеленчук – количината е ограничена – важно е да не сте гладни. Најдобро е да јадете зелен лиснат зеленчук, а да избегнувате боранија, грашок, пченка... За вечера изедете голем печен компир. Никако не јадете овошје, а варивото е задолжително, барем еднаш дневно.
Трет ден
Јадете од варивото, овошје и зеленчук ако сакате. Немојте да јадете печен компир. Доколку до сега сте се придржувале до упатствата, за овие три дена би требало да сте полесни 2-3 килограми.
Четврти ден
Изедете до три банани во текот на денот, супа и пијте немасно млеко ако сакате. Бананите имаат многу калории и јаглехидрати, како и млекото. Варивото и понатаму е задолжително.
Петти ден
Говетско и домат. Можете да изедете 300 до 600 грама говедско и до шест домати. Испијте најмалку 6 до 8 чаши вода во текот на денот.
Чинија вариво е задолжителна.
Шести ден
Говедско, зеленчук и вариво можете да јадете колку сакате.
Седми ден
Интегрален ориз и зеленчук, а за пиење - незасладен овошен сок. Можете да јадете колку сакате ориз и зеленчук, но задолжително јадете вариво.
На крајот на седмиот ден, ако сте се придржувале до упатствата, ќе изгубите 4,5 до 7 килограми. Ако сте изгубиле повеќе од 7 килограми, паузирајте со диетата два дена, пред повтрорно да ја почнете.
Оваа диета може да се практикува онолку долго колку што сакате. Поради неа ќе се чувствувате полесно, и ќе имате дополнителна енергија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа