Земјотрес го стресе Скопје


Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, на 28.05.2024 година во 10 часот и 48 минути, регистрираше земјотрес чиj епицентар припаѓа на Скопското епицентрално подрачје, 21 km северозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда M L 2.5, соопшти Сеизмолошката опсерваторија Скопје.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението во градот Скопје и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

28.05.2024 - 11:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега