Земјотрес ја стресе Грција - жителите во паника

 

Во текот на ноќта, околу два и пол часот по полноќ, земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала го погоди Самос во Грција.

Епицентарот се наоѓа на 16 километри североисточно од Карловаши Самос, а на длабочина од 12,5 километри.

На овој земјотрес, според грчките медиуми, околу полноќ му претходел малку послаб.

Инаку, истото туристичко место беше погодено од силен земјотрес во октомври 2020 година, кога јачината на земјотресот беше дури 6,9 степени според Рихтеровата скала.

04.02.2024 - 10:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега