Земјотрес ја стресе Хрватска

 

Според EMSC, земјотрес со јачина од 2,6 степени според Рихтеровата скала се случил на длабочина од 2 километри, во близина на Бибиње во Задарската жупанија.

Епицентарот на земјотресот бил на пет километри од Придраг, односно на 102 километри од Сплит.

„Благо тресење“, „Бучава, околу 10 секунди“, „Силен звук со благо тресење“ се само дел од коментарите на социјалните мрежи. Засега нема информации за штети или повредени.

Медиумите во регионот потсетуваат дека земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала во четвртокот утрото ја погоди областа кај Осиек во Хрватска.

05.01.2023 - 09:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега