Земјотрес ја стресе Македонија

 

Слаб земјотрес со интензитет од 3 степени според Меркалиевата скала е почувствуван во 11 часот во дел од југозападот на Македонија, oсобено во регионот на Струга.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека епицентарот на земјотресот е на 119 километри југозападно од Скопје, односно во соседна Албанија.

Силата на земјотресот во епицентарот изнесувала 3,1 степени според Рихтер.

24.02.2024 - 12:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега