Згодната Колумбијка повторно сама? Љубовни прoмашувања по разводот
Колумбијката Софија Вергара (52) и 12 години помладиот Луис Хамилтон повеќе не се заедно, пренесуваат бројни странски медиуми.
Тие беа видени заедно во јануари оваа година, што предизвика гласини за наводна романса. Но, за сето ова време тие не ја потврдија својата врска ниту пак беа заедно на некој јавен настан.
Според изворите, на нивната љубов и дојде крајот. И покрај тоа што Софија беше убедена дека тој е совршено момче и наводно подготвена нивната врска да се развие посериозно, интересот на Хамилтон исчезна.
Поради сето ова Вергара се чувствувала осамено и сфатила дека е најдобро да ја прекине врската.
Веста за нивната врска прв ја објави TMZ, кога беа фотографирани пред ресторан во Њујорк и, како што се пишуваше, биле маѓепсани еден со друг.
Софија Вергара се разведе од Џо Манганиело по седум години брак, а потоа накратко се забавуваше со хирург, додека Луис Хамилтон пред неа беше во врска со Никол Шерцингер, а го поврзуваа и со Џиџи Хадид, Ријана и Шакира.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа