"Жал ми е што вака станав чичкото на Фросина - Загина за освестување на Македонија"
Чичкото на младата Фросина Кулакова од Неготино, која трагично го загуби животот кога на неа налета возач на пешачки премин на Партизанска и ја усмрти, напиша трогателен статус на социјалните мрежи за неговата прерано почината внука.
- После тие изложбите, тие ревиите што ги организираа од факултетот, на Фросина ѝ викав: Кога ќе станиш познат дизајнер, јас ќе бидам “чичкото на Фросина”. Она се смееше на тоа, онака, слатко и заразно, како што таа единствено можеше. Сега ми е жал што на ваков трагичен начин станав “чичкото на Фросина”, напиша Андреа Кулаков на својот Фејсбук профил.
Младата Фросина Кулакова од Неготино прерано го загуби животот кога на неа налета возач и ја прегази на пешачки премин на булеварот Партизански Одреди.
22-годишната млада девојка беше прегазена на пешачки премин, кај Силбо, од 20-годишниот возач Васил Jованов.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа