Желатинот од свинско месо во вакцините- проблем за верските заедници

 

 

Верките заедници со страв гледаат на вакцините против ковид 19 , паричината за стравот на исламската заедница е особено тоа што одредени состојки на вакцината немаат халал статус. Со други зборови, проблемот е свинскиот желатин.

Бидејќи повеќето вакцини содржат и свински желатин, кој служи како стабилизатор и ја обезбедува вакцината за време на транспортот и складирањето, верските заедници ширум светот изразија загриженост за состојките на вакцината, што ја доведе во прашање самата вакцинација, пишува „АП“.

Според стандардите за исхрана со халал, муслиманите не смеат да го користат свинскиот желатин, па затоа многу фармацевтски компании кои работат на развој на вакцини мораа да ги прилагодат своите производи на пазарите каде има значителен процент на оние кои се придржуваат до правилата. Така, швајцарската компанија „Новартис“ мораше да произведе вакцина против менингитис без свински желатин, а саудиските и малезиските компании во моментов работат на производство на слични вакцини.

Сепак, поради постапката за развој на вакцини и напорот да се обезбедат повеќе дози што е можно поскоро, тоа не гарантира дека свинскиот желатин нема да се најде во вакцините на „Фајзер“, „Модерна“ и други.

Поради состојките на некои вакцини, земјите во Азија веќе имале проблеми со верските заедници. Индонезискиот совет за улеми, тело кое издава сертификати дека производот е халал или е дозволен според исламските закони, во 2018 година прогласи дека вакцините против сипаници и рубеола се „харами“ или нелегални поради желатинот. Верските водачи ги повикаа родителите да не дозволуваат вакцинирање на нивните деца, што подоцна се испостави дека е сосема погрешно, а имало и пораст на бројот на случаи кога станува збор за овие болести.

Покрај исламската заедница, одредени состојки на вакцините може да бидат проблем за еврејските заедници, каде што потрошувачката на производи од свинско месо исто така се смета за религиозно нечиста. Иако повеќето еврејски заедници се согласуваат дека самото одбивање на вакцинација го загрозува животот, сè уште не е постигнат целосен консензус за ова прашање.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.12.2020 - 12:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега