Жена во Турција одбила понуда за брак, нејзиното момче ја турнало од карпа од 30 метри височина

 

Полицијата го уапсила момчето на жената која паднала 30 метри од карпа во Турција, откако властите во текот на истрагата откриле знаци на насилна расправија. Низаметин Гурсу беше уапсен пет месеци откако неговата 39-годишна девојка Јесим Демир падна од карпа во Чанаккале, град во северозападна Турција, на 6 јули, објави Newsflash.

Гурсу им рекол на властите дека токму тогаш ја запросил Демир и таа му рекла „Да“, но додека тој отишол по храна и пијалоци до својот автомобил, кога слушнал крик и видел дека неговата девојка паѓа преку карпа. Меѓутоа, во текот на истрагата, полицијата открила дека прстенот за кој Гурсу тврдел дека и’ го дал на Демир откако таа го прифатила неговиот предлог сè уште се наоѓал во кутија во неговиот џеб.

Нивните сомнежи се зголемиле откако на местото на свршувачката пронашле скршени чаши и скршен звучник, што укажува на физичка пресметка. Семејството на убиената и’ кажало на полицијата дека таа планирала да раскине со Гурсу и дека не сакала да го прифати неговиот предлог за брак.

Нејзиното семејство, исто така, тврдело дека Демир страдала од напади на паника и никогаш не би сакала да биде толку блиску до работ на карпа. Гурс е уапсен откако семејството на Демир поднело пријава против него. Во моментот на нејзината смрт, Гурсу глумел вереник со скршено срце, кажувајќи и’ на полицијата дека решиле да се свршат на тоа место бидејќи мислеле дека ќе биде романтично.

„Го избравме за да имаме романтично сеќавање по запросувањето. Испивме малку алкохол. Сè се случи одеднаш. Таа изгуби рамнотежа и падна“, изјави тогаш Гурсу. Демир првично го преживеа тешкиот пад од височина од 30 метри, но подоцна им подлегна на повредите.

21.12.2023 - 23:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега